Што е eProekti.mk
Cloud софтвер за менаџирање со проекти финансирани од грантови програми. Овозможува точни и јасни буџетски извештаи, контрола и следење на активности, задачи, трошоци, дигитализација и организација на документи и синхронизирана работа на тимот и партнерите во проектите.
eProekti е креиран како резултат на повеќегодишна соработка со проектни координатори, консултанти и граѓански здруженија, со цел да ја поедностави, организира, забрза и дигитализира финансиската и административна работа на проекти поддржани од домашни и странски донатори. Наменет е за користење од страна на граѓански организации, асоцијации, консултанти, компании, општини, училишта и сл.
Специјализиран за работа со грантови
Модули и функционалности прилагодени за менаџирање на целокупната имплементација на проекти финансирани од грантови програми, од почеток до финална евалуација.
Интуитивен и лесен за користење интерфејс
Функционалности со интуитивен дизајн, ја подобрува видливоста, транспарентноста и овозможува подобра координираност на тимот и партнерите
Непрекината работа на далечина и синхронизирана работа на тимот
Достапност преку Chrome, Firefox, Opera, Safari на компјутер или мобилен уред. Непрекината работа во секое време и од која било локација, посебно во отежнати услови за работа
Интеграција на донорски програми и репортирање
Брзо, едноставно и прецизно репортирање (периодично и завршно) на трошоци и пропратната документација во соодветен темплејт и формат побаран од донорот
Дигитализација и организација на проектната документација
Ја заменува неорганизираноста на проектната документација по регистратори и папки, Cloud хостинг сервиси (Dropbox, Google Drive...), email, Excel фајлови, десктоп фолдери и сл.
Пристапи, улоги и мониторинг
Контролиран пристап на секој член од тимот и партнерите преку доделување на улоги како проектен координатор, проектен асистент, соработник, надворешен експерт, ревизор и сл.
Серверски простор и бекап
Cloud серверски простор обезбеден од Телеком, автоматски бекап на податоците на различни локации за овозможување сигурност и достапност 24/7
Техничка поддршка
8 часа дневно секој работен ден по телефон или емаил за корекција на проблеми и кориснички грешки. Автоматска централизирана надградба
Клиентска поддршка
Нашите стручни лица ќе ви помогнат при користењето на софтверот по емаил и преку организирање на вебинари.