Зошто eProekti.mk
Проблеми со кои се соочуваат ФИТР грантистите
Проектната документација не е дигитализирана, организирана и архивирана на едно место и достапна отсекаде
Се троши многу време и ресурси за елиминирање на грешките при правењето на квартални извештаи и организација на придружната документација работејќи во Excel, десктоп фолдери и сл
Тимот нема реален увид и контрола на направените трошоци во однос на буџетот и кои трошоци треба да се исплатат на кој, колку и кога
Каснење со исплати поради немање директен увид и навремена комуникација за корегирање на забелешки од страна на ревизорите или финансиските консултанти.
Премногу време се губи на административното водење на проектот кое влијае на практичното спроведување на добиениот проект и се намалува продуктивноста на тимот.
Со користење на eProekti добивате
Специјализирана cloud алатка која овозможува комплетно менаџирање со активности,задачи, буџет, трошоци и документи при спроведувањето на ФИТР проектот
Автоматско генерирање на квартални и завршен извештај, и пропратна документација, со извршена интеграција на ФИТР правилата и темплејти за буџет и извештај
Достапност на целосната проектна документација, дигитализирана и архивирана на едно место, со што се постигнува подобра организација и заштеда на време во однос на користењето на повеќе различни алатки
Директен мониторинг и асистенции од страна на финансиски консултанти, реизори и сл.за брзо корегирање на проблемите и совети за успешно спроведување на проектот
Автоматска асистенција и елиминирање на грешки при исплата на трошоци
Функционалности
Креирање на проект
Внесување на основни податоци за проектот, проектен тим , апликант, партнери, дефинирање на квартали, доделување на пристапи за споделување и заедничка работа
Активности и задачи
Внесување и приказ на активности и задачи на проектот потребни за наративниот извештај: период, одговорно лице, очекувани резултати и сл. со потсетници
Буџет на проектот
Автоматско преземање на ФИТР темплејт за буџет со опции за едноставно внесување на буџетски ставки. Автоматска распределба и план на буџет по квартали
Евиденција на трошоци
Внесување на трошоци, автоматска пресметка, преземање на НБРМ курс и опција за поврзување со документи. Приказ на трошоци по период, добавувач, категорија, документи сл.
Документи на проектот
Внесување и приказ на документи поврзани за проектот според тип на документ(фактура, извод, договор...), период, трошок, активност, добавувач и сл. Интеграција со Google Docs.
Интегрирани ФИТР темплејти на извештаи
Автоматско генерирање на квартален и завршен извештај и листа на придружни документи во Excel. Извештај за надополнети буџетски ставки и заштеда по квартали
Износ за користење
Услугата вклучува:
Користење на прилагодена верзија на eproekti.mk за ФИТР грантисти според одбраниот пакет
Oнлајн обука за користење на eProekti.mk
Интегрирани периодични и завршни извештаи и документација според ФИТР програмата и условите
Cloud серверски простор обезбеден од Телеком со автоматски бекап на податоците, достапност 24/7, без потреба од дополнителни инсталации
Техничка поддршка 8 часа дневно секој работен ден по емаил за корегирање на појавен технички проблем
Клиентска поддршка за помош и асистенции при користењето на софтверот
Автоматски надградби и корекција на багови
ФИТР 1
за проекти со времетраење до 1 година
€ 240
еднократно
административно и финансиско менаџирање
интегрирани ФИТР правила и извештаи
вклучена техничка поддршка
ФИТР 2
за проекти со времетраење до 2 години
€ 380
еднократко
административно и финансиско менаџирање
интегрирани ФИТР правила и извештаи
вклучена техничка поддршка
Дополнителни услуги
Консултации при водење на проект
Асистенција и консултации од страна на наши финансиски консултанти и проект координатори при спроведување на проектот во однос на административно финансиските сегменти: управување со буџет, трошоци, документација и припрема на извештаи , заеднички преку cloud софтверот eproekti.mk
По договор
Пишување и припрема на проектна апликација
Помош и консултации при пишување и припрема на целата проектна документација за аплицирање на ФИТР програма од страна на консултанти - соработници на eproekti.mk
По договор
Најчесто поставувани прашања
Зошто креиравме eProekti.mk за ФИТР грантисти?
Самите бевме грантисти на ФИТР и се соочивме со потешкотии за навремено и точно спроведување на административно финансиските обврски поточно креирањето на кварталните извештаи и пропратната документација. Истите проблеми ги воочивме и при комуникација со другите грантисти
Како се користи eProekti.mk
Со регистрација на eProekti.mk добивате 30 дена бесплатен период со пристап до сите функционалности. По истекувањето на 30-дневниот тест период се претплатувате за годишно користење на софтверот преку опцијата Претплати се достапна кај информации за проектот.
Дали моите податоци се безбедни и заштитени?
Вашите податоци се целосно безбедни складирани на Cloud сервер обезбеден од Телеком со сите безбедносни стандарди и сертификати, со автоматско правење на бекап. Со ваша дозвола пристап до проектот може да имаат и други лица со ограничување само до одредени функционалности.
Дали имам ограничувања при користењето?
Немате ограничувања во однос на број на корисници, партнери, записи и документи. Софтверот се плаќа на годишно ниво додека ви трае проектот.
Дали со eProekti може да се интегрираат и други модули?
Секако. eProekti поддржува интеграција со останатите модули од софтверот GoEasy како креирање и управување со фактури, магацини, трошоци, сметководство, планер и сл. eProekti нуди веб сервис за интеграција со софтвери за магацинско и финасиско работење.
Што со моите податоци доколку се откажам од користењето?
По завршување на претплатата, проектот ќе остане достапен во eProekti и ќе имате целосен пристап до податоците и документите, но нема да може да вршите никакви промени. На ваше барање, сите внесени податоци ќе ви бидат експортирани и доставени во соодветен формат.